Реконструираниот аеродром „Александар Велики“, во Скопје, чиј концесионер е турската компанија ТАВ, прогласен е за најдобар аеродром во Европа во категоријата до два милиони патници годишно во изборот на Меѓународниот аеродромски совет. Оваа награда се доделува врз основа на одговорите на патниците во формуларите за испитување на квалитетот на аеродромските услуги за 2012 година. Наградите за квалитет на аеродромски услуги кои одаваат признание на најдобрите аеродроми во светот се доделува во конкуренција на над 275 аеродроми. Главниот оперативен директор на Холдингот „ТАВ аеродроми“ Мурат Орнекол на прес-конференција во вторникот истакна дека компанија е почестена од оваа престижна награда која е доделена за Скопскиот аеродром.
Реконструираниот аеродром „Александар Велики“, во Скопје, чиј концесионер е турската компанија ТАВ, прогласен е за најдобар аеродром во Европа во категоријата до два милиони патници годишно во изборот на Меѓународниот аеродромски совет.
Оваа награда се доделува врз основа на одговорите на патниците во формуларите за испитување на квалитетот на аеродромските услуги за 2012 година.
Наградите за квалитет на аеродромски услуги кои одаваат признание на најдобрите аеродроми во светот се доделува во конкуренција на над 275 аеродроми.
Главниот оперативен директор на Холдингот „ТАВ аеродроми“ Мурат Орнекол на прес-конференција во вторникот истакна дека компанија е почестена од оваа престижна награда која е доделена за Скопскиот аеродром,
“Ние во ТАВ аеродроми сме почестени што ја добивме оваа престижна награда за скопскиот аеродром кој беше одново изграден и започна да дава услуги за многу кратко време што се заснова на нашето знаење и искуство. Би сакал да се заблагодарам на сите наши соработници а особено на министерството за транспорт и врски за сите заеднички напори кои придонесоа кон постигнувањето на овој успех“, изјави Орнекол.
Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, наградата е резултат на реализацијата на проектот со модернизација на аеродромот по пат на јавно приватно партнерство.
“Владата направи сериозен чекор во развојот на воздухопловството што подразбираше изградба на нова терминална зграда паркинг простор, карго терминал и други објекти. Инвестицијата овозможи да се добие оваа престижна награда“, изјави Јанакиески.
Ресорниот министер истакна дека посветено се работи на привлекување на ниско тарифни авио компании најави дека владата ќе продолжи да помага со цел бројот на патници годинава на скопскиот аеродром да достигне еден милион
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека приватно се чувствува многу пријатно на овој аеродром, а професионално е задоволна од ефикасноста и услугите што ги пружаат службите на МВР, како и од едноставноста на процедурите.
Од ТАВ информираа дека од аеродромот во скопје се лета на 20 дестинации. Само во ноември се воспоставени седум нови дестинации, а наскоро ќе се лета и кон Стокхолм.